Познатиот италијански стратег Џенаро Гатузо на крајот на сезоната би можел да го преземе Олимпијакос, пренесуваат грчките медиуми. Гатузо во овој момент е без ангажман, а раководството на Олимпијакос се обидува да го убеди италијанскиот тренер наредната сезона да го предводи клубот од Пиреја. Олимпијакос сезоната во Суперлигата ја заврши на третото место со десет бодови помалку од првопласираниот АЕК. …