Дома Фудбал Останато Марсело нема по добро да го памети дебито за Олимпијакос 🎥

Марсело нема по добро да го памети дебито за Олимпијакос 🎥

Искусниот лев бек Марсело вчера дебитираше на официјален натпревар за грчки Олимпијакос.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Олимпијакос во Пиреа го пречека Карабах во натпревар од 3. коло во Лигата на Европа. Марсело шанса доби во продолжението од средбата, но на крајот за него се заврши како кошмар.

Иако на стадионот сите еуфорично го поздравија неговото влегување на теренот. Бразилецот ќе сака што побрзо да го заборави овој свој настап.

Марсело во игра влезе на половина час пред крајот на натпреварот кога резултатот беше 0:0 и домаќините се надеваа на победа. Но, само осум минути по влегувањето на Марсело Карабах поведе. Набрзо следуваа и втор и трет гол со што Олимпијакос беше поразен со 3:0 пред своите гледачи.

Ситуацијата за грчкиот тим е полоша што за нив ова беше трет пораз во ова натпреварување, Олимпијакос е последен тим во групата Ц без ниту еден освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…