Средбата помеѓу Индепендиенте и Колон го привлече вниманието на медиумите поради пеналот кој беше досуден за домашниот тим. Имено, гостинскиот тим требаше да изведе гол-аут, а тогаш играчот Голц ја зема топката во раце и ја стави од аголот на голманскиот простор. Домашните фудбалери веднаш бурно реагираа и бараа пенал, додека судијата во прв момент не забележа што се случи. …