Повеќето клубови во Италија ќе продолжат со тренинзи оваа недела по скоро двомесечен прекин поради пандемија на коронавирус. Италијанската влада денес донесе одлука да ги олесни мерките откако значително се подобри состојбата со пандемијата. На клубовите им беше дадена дозвола да им овозможат на играчите да тренираат индивидуално во тренинг центри и полека да се подготват за продолжување на сезоната. …