Германскиот стратег Јирген Клоп се врати во Борусија Дортмунд и накратко повторно ќе седне на клупата на овој клуб.
Клоп ќе биде дел од натпреварот со посебно емотивно значење во чест на Јакуб Блашчиковски и Лукаш Пишчек. По заминувањето од Ливерпул за Клоп ова ќе биде прв меч во кој ќе ја одработува тренерската работа, иако ќе биде само ревијално.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веќе се појави на тренингот на клубот, а публиката на „Вестфален“ сигурно ќе го пречека на фантастичен начин.
Пишчек и Блашчиковски имаа голема улога во тимот на Клоп кога во 2011 и 2012 година освоија две титули шампион на Германија и играа финале во Лигата на шампионите. Клоп Борусија ја водеше од 2008 до 2015 година.