Селекторот на Англија, Ли Карсли се најде во фокусот откако изјави дека нема да ја пее националната химна на „Гордиот Албион“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Попладнево Англија и гостува на Ирска во првиот официјален натпревар по 1991 година.
Пред овој натпревар привремениот селектор на репрезентацијата изјави дека нема да ја пее химната, а објасни и зошто. Ли Карсли е роден во Бирмингем, меѓутоа неговото потекло е од Ирска и одигра 40 натпревари за оваа репрезентација.
„Со ова се мачев уште кога играв за Ирска, химната никогаш не сум ја пеел, бев максимално фокусиран на натпреварот. Химната се интонираше и на натпреварите до 21 година, а јас тогаш влегував во мојата зона. Мислам на тоа што ќе прави противникот, како ќе се постави и како ќе започнеме ние“, изјави Карсли.