Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1) и со тоа продолжи нашата црна серија од 11 месеци без победа.
По денешниот натпревар Милевски не криеше дека не е задоволен, посебно од првиот дел, а откри и од кои фудбалери очекувал повеќе.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не сум задоволен од првиот дел, очекував повеќе од дебитантите и од Иљазовски и Митровски, затоа ги заменив. Кога е второто полувреме во прашање можам да бидам задоволен од реакцијата. Играме како тим и сите сме заедно, меѓутоа ме загрижува емоцијата која ја видов денеска кај одредени фудбалери, така не може да се игра за македонската репрезентација“, изјави Милевски.
Македонија за три дена ја очекува натпреварот против Ерменија во Скопје.