Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака да го донесе напаѓачот на Евертон и англиската репрезентација Доминик Калверт-Луин на „Сантиаго Бернабеу“. Анчелоти соработуваше со 24-годишниот напаѓач и одлично го познава, па смета дека би бил идеална алтернатива за Карим Бензема. Калверт-Луин е член на Евертон од 2016 година, кога пристигна од Шефилд Јунајтед за само еден и пол милиони …