Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо пренесува дека од раководството на Атлетико Мадрид испратиле понуда за фудбалерот Баје Кулибали кој игра во хрватскиот третолигаш Кустошија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според информациите на Романо за 18-годишниот фудбалер преговорите се веќе започнати, но Атлетико не е единствениот клуб кој сака да го доведе.
Како што се наведува, екипите на Арсенал и Реал Мадрид исто така сакале да го видат во своите редови.
Кулибали во Кустошија пристигна во јануари, а наводно веќе одбил понуди од Лил и Виљареал. За неговите услуги овој клуб плати 500.000 евра и тоа е најголемиот трансфер во историјата на Хрватска за еден третолигаш.