Милан во третотот коло ја запиша првата победа во Лигата на шампиони, Црвена Звезда доживеа дебакл во Монако.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Росонерите“ немаа право на кикс, но не го отворија добро мечот и Мењан имаше две одлични одбрани. Меѓутоа, во 34-та минута Пулишиќ погоди директно од корнер за водство од 1:0, а при крајот на полувремето Бриж остана со играч помалку.
Гостите успеаа да израмнат на стартот на вториот дел, но потоа Милан засилжено дојде до водство и сигурна победа од 3:1 со двата гола на Рејндерс.
На овој меч со само 16 години дебитираше во Лигата на Шампиони Франческо Камарда и постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Црвена Звезда долго одолеваше против Монако и до последната минута од полувремето беше 1:1 кога домаќините постигнаа гол. Меѓутоа, во второто полувреме имаше канонада на Монако за голема победа од 5:1.