Дома Трансфер зона Анчелоти ја носи во Мадрид ѕвездата на Евертон

Анчелоти ја носи во Мадрид ѕвездата на Евертон

Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака да го донесе напаѓачот на Евертон и англиската репрезентација Доминик Калверт-Луин на „Сантиаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анчелоти соработуваше со 24-годишниот напаѓач и одлично го познава, па смета дека би бил идеална алтернатива за Карим Бензема.

Калверт-Луин е член на Евертон од 2016 година, кога пристигна од Шефилд Јунајтед за само еден и пол милиони фунти, но сега неговата цена драстично порасна.

„Карамелите“ за неговата слобода бараат 50 милиони фунти, а Реал ќе се обиде да ја намали таа сума преку преговори или да вклучи некој свој играч во трансферот.

Калверт-Луин одигра одлична сезона под водство на Анчелоти и постигна 21 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…