Баерн Минхен утрово го потврди трансферот на 23-годишниот израелски голман Даниел Перец. Голманот пристигнува од Макаби Тел Авив за сума од пет милиони евра и потпиша договор на пет години. Со оглед на имињата кои се поврзуваа со Баерн пристигнувањето на Израелецот е изненадување. Претходно како можно ново засилување на голманската линија на Баерн се споменуваа: Де Геа, Лорис, Боно… …