Дома Фудбал Англија Гвардиола откри кој може да го замени Родри

Гвардиола откри кој може да го замени Родри

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека сезоната за Родри е завршена и откри кои се плановите за негова замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гвардиола истакна дека има неколку играчи кои можат да покријат во средниот ред и ја отвори вратата за ангажман на засилување во јануари.

„Денеска беше опериран, мислам дека го повреди и менискусот. Ќе се врати следната сезона. Оваа сезона заврши. За жал, ги добивме најлошите вести. Понекогаш, за жал, тоа се случува. Тука сме да го поддржиме и да му помогнеме добро да се опорави, чекор по чекор“ изјави Гвардиола.

„Матео Ковачиќ може да покрие, Гундоган исто така може да игра на таа позиција, исто како и Џон Стоунс. Ќе видиме, може ќе донесеме и засилување во јануари, зборував со спортскиот директор Чики Бегиристан“, додаде Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Норвежаните на уникатен начин го прославија пласманот во нокаут фазата (Видео)

Фудбалерите на Норвешка ја надминаа репрезентацијата на Сенегал со резултат 3:2, со што об…