Арсенал се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампиони, откако по изведувањето на пенали го елиминира Порто. Голманот на „топџиите“, Давид Раја беше херој на победничкиот тим, откако одбрани два пенали, а тоа го натера раководството на премиерлигашот да го откупи неговиот договор. „Топчиите“ ќе ја активираат неговата откупна клаузула која изнесува 32 милиони евра колку што ќе добие Брентфорд. …