Еден од приоритетите на Милан во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба е Јусуф Фофана од Монако.
25-годишниот дефанзивен играч за врска блека во дресот на Монако и си обезбеди место во француската репрезентација па беше повикан на Европско првнство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој влезе во последната година од договорот и изјави дека нема намера да го продолжи бидејќи сака да направи чекор напред во кариерата.
Милан наводно има договор со неговиот агент и сака да го комплетира трансферот веднаш по завршувањето на ЕП. Монако е спремен да го продаде и за неговата слобода бара 25 милиони евра.