Холандскиот фудбалер Јан Матсен е нов играч на Астон Вила, соопшти синоќа клубот од Бирмингем.
Матсен (22) доаѓа во Астон Вила од Челзи за 35 милиони фунти, објави Би-Би-Си, што е најскапиот трансфер во летниот преоден рок досега.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од јануари до мај оваа година тој беше на позајмица во Борусија Дортмунд каде остави навистина фантастичен впечаток, но Челзи реши да го продаде за да ги „испегла“ финансиските документи.
Холандскиот фудбалер моментално е со националниот тим на Европското првенство во Германија.
Во својата кариера настапуваше за Чарлтон, Ковентри и Барнли.
Астон Вила минатата сезона заврши на четвртото место во Премиер лигата, а од септември ќе игра во Лигата на шампионите.