Горан Петрески или популарен како „Чунга Лунга“ е нов член на стручниот штаб на Вардар. Во досегашната тренерска кариера, ја предводел У-18 репрезентацијата на Македонија, како и екипата на Работнички. Своевремено како играч со Вардар освои три титули во првенството и две во Купот. Покрај скопскиот тим го носеше дресот уште на Чаковец и Поханга Стилерс.