Со натпреварот помеѓу македонскиот првак, ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и норвешкиот Колштад, во среда, спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, ги отвора вратите за натпреварите од Лигата на шампионите. Општина Битола, ги заврши потребните инфраструктурни активности, согласно пропишаните европски стандарди. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посака многу среќа и нови успеси за македонскиот, битолскиот клуб РК Еурофарм Пелистер: „Завршуваат …