Maкедонскиот фудбалер Матеј Цветановски во изминатиот викенд го постигна својот деби гол за Железничар во првенството на Босна и Херцеговина, а сега за првпат се најде во тимот на колото. Цветановски покрај голот очигледно одиграл на високо во текот на целиот натпревар, па така си го заслужи местото помеѓу најдобрите 11 во рамките од третото коло.