Холанѓанецот Мемфис Депај беше промовиран во нов фудбалер на Барселона. Депај во Каталонија пристигна без оштета затоа што претходно му истече договорот со Лион каде што играше четири ипол години. Со Барселона потпиша договор до летото 2023 година. „Чест ми е што сум тука. Уште како мал сонував за вакво нешто. Сакам да се заблагодарам на претседателот, членовите на одборот …

