Заминувањето на Лионел Меси од Барселона го остави без сопственик дресот со број десет.
Се уште никој од фудбалерите не најавил дека сака да го носи овој број и затоа тој е без сопственик.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Голен број навивачи на каталонскиот клуб сметаат дека и така треба да остане. Во анкетата која ја спроведе „Мундо Депортиво“ и во која учествуваа повеќе од 25.000 читатели, 36% од нив сметаат дека „десетката“ не треба да ја носи никој.
Најмногу гласови покрај оваа опција доби Ансу Фати. Дури 30% од фановите сметаат дека тој треба да ја наследи, а 18% навивачите овој број би го дале на Педри.