Tимот на Реал Мадрид доби лоша вест на стартот од подготовките, засилувањето Давид Алаба добил позитивен тест на ковид-19. Веста за позитивниот тест на Алаба ја потврди и клубот на својата интернет страница. Така репрезентативецот на Австрија ќе ја пропушти првата фаза од подготовките. Ова е втор позитивен случај во Реал Мадрид после напаѓачот Карим Бензема.