Дома Кошарка Ел-Амин со 26 поени ја извлече Каршијака во тесна завршница

Ел-Амин со 26 поени ја извлече Каршијака во тесна завршница

Ел-Амин со 26 поени ја извлече Каршијака во тесна завршница

Каршијака ја преживеа неизвесната завршница против Денизли и пред своите навивачи победи со 82-79. Тимот од Измир сега има пет победи и четири порази во турската кошаркарска Суперлига, додека гостите го претрпеа седмиот пораз во девет настапи.

Главниот напаѓачки адут на домаќините беше Исмаел Ел-Амин со 26 поени, најмногу од сите на паркетот. Бријанте Вебер придонесе со 18 поени, пет скока и пет асистенции, Стивен Енок запиша 13 поени и осум скока, а Хакан Сајили додаде 12 поени.

Патот до победата не беше лесен. Денизли ја доби првата четвртина со 23-21, но Каршијака возврати преку одбраната. Во вториот период им дозволи на гостите само 15 поени и на паузата замина со минимална предност од 39-38.

Пред решавачките десет минути домаќините се одлепија на 64-57. Денизли, сепак, не се предаде: постигна 22 поени во последната четвртина и повторно ја направи средбата неизвесна. Каршијака успеа да ја задржи предноста во клучните моменти и да ја обезбеди петтата првенствена победа.

Кај гостите се истакна Џон Роберт Микс со 22 поени, три скока и три асистенции. Махир Агва оствари дабл-дабл со 15 поени и 11 скока, а Марко Пецарски и Ертен Гази завршија со по 11 поени.

Следните првенствени обврски за двата тима се на 5 декември. Каршијака ќе гостува кај Есенлер Ерокспор, додека Денизли ќе ја пречека Бурсаспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Во Олимпијакос е надвор од составот, но Спанулис смета на Дорси

Тајлер Дорси остана меѓу 18-те кошаркари на Грција за дуелите со Грузија и Шпанија, иако с…