Дома Трансфер зона Кимих го откри трансферот на Алаба

Кимих го откри трансферот на Алаба

Веќе не е тајна дека Давид Алаба кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, а тоа го откри и неговиот соиграч Џошуа Кимих.

Вчера шпанските медиуми пренесоа дека Алаба ќе потпише петгодишен договор со Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Давид освои се тука и сметам дека Реал, без никаков сомнеж, е клуб каде заслужува да отидеш. Откако си играл во Баерн нема многу клубови кои се на исто ниво. Реал е одлична варијанта за Алаба“, изјави Кимих.

Со ова Кимих го откри трасферот на Алаба, па сега се очекува само официјализација на истиот.

Договорот на Алаба со Баерн завршува на крајот на сезоната, па како слободен агент ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Завршува уште една ера: Со Клоп од Ливерпул заминува и фудбалерот кој пристигна во 2016 година

Јирген Клоп ќе замине на крајот од сезоната од Ливерпул, тоа е веќе потврдено, меѓутоа со …