Дома Фудбал Црвена боја на лицата во Серија А – порака што оди подалеку од фудбалот

Црвена боја на лицата во Серија А – порака што оди подалеку од фудбалот

Црвена боја на лицата во Серија А – порака што оди подалеку од фудбалот

Црвениот белег на образите во Серија А ќе биде знак за заеднички отпор против насилството врз жените. Италијанското првенство во 12. коло повторно ќе ја поддржи кампањата „Црвен картон за насилството“, овојпат со повик пораката да ја пренесат и трибините.

Фудбалерите, тренерите и службените лица ќе се појават со црвена боја на лицето. Новина е што за првпат и навивачите се охрабруваат да го направат истиот гест, со што акцијата нема да остане само на теренот и крај клупите.

Капитените ќе носат посебни ленти, а на стадионите и во телевизиските преноси пред почетокот на натпреварите ќе бидат прикажани пораки и графики со ознаката #unrossoallaviolenza.

Ова е десетто учество на Серија А во иницијативата, насочена кон подигнување на свеста за семејното насилство врз жените. Претседателот на лигата, Ецио Симонели, истакна дека одбележувањето во 12. коло, поврзано со Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, е можност да се потврди посветеноста во борбата против сите облици на злоупотреба.

Од организацијата „ВиВорлд“, која стои зад кампањата, нагласуваат дека ова не е проблем што треба да остане зад затворени врати. Нејзиниот претседател Марко Кјесара порача дека одговорноста е колективна, а целта е да се допре до широка публика, особено до мажите, и да се поттикнат да размислат за сопствената улога во спречувањето на насилството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Балдини со татковски совет до Камарда: Головите не смеат да ти станат опсесија

Селекторот на Италија до 21 година откри како му помага на младиот напаѓач на Милан, а за …