Дома Трансфер зона „Дер Шпигел“ открива детали: Алаба со Реал потпишал договор вреден 115 милиони евра!

„Дер Шпигел“ открива детали: Алаба со Реал потпишал договор вреден 115 милиони евра!

Давид Алаба ова лето се пресели во Реал Мадрид.

Дефанзивецот после долги години го напушти Баерн, а иако имаше повеќе понуди донесе одлука да продолжи во Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со Бразил Алаба не можеше да се договори за неговата плата, додека во Реал официјално не се откри колку ќе заработува.

Сега германскиот „Де Шпигел“ открива дека за петгодишниот договор во Реал Алаба ќе инкасира 115 милиони евра бруто. Освен тоа Алаба добил и 17.7 милиони евра бонус за потпишување на договорот. Годишните примања ќе му изнесуваат 19.47 милиони евра.

Во Баерн очигледно не можеле да ја изедначат оваа голема понуда на „кралевите“, па затоа 29-годишникот ќе игра во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…