Дома Фудбал Aлаба емотивно се прости од Баерн: Последниот танц брате!

Aлаба емотивно се прости од Баерн: Последниот танц брате!

Давид Алаба ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на оваа сезона.

Австриецот после 13 години поминати во Минхен одлучи да замине и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Реал Мадрид

Баерн спреми посебно простување за Алаба. Клубот му спремил 27 пораки алудирајќи на неговиот број на дресот, а Алаба не можеше да ги сокрие емоциите после пораката од неговите родители. Алаба заплака и покажа дека не му е лесно што го напушта клубот кој му даде се.

На Инстаграм Алаба објави и фотографија од тренингот на Баерн на која е со Жером Боатенг.

Под истата на напиша: Последен танц брате!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од хет-трикот во 1994 до баражот: Ѓуровски предупредува на посилен Кипар

Првиот репрезентативен хет-трик го постигна против Кипар, но Бошко Ѓуровски очекува неизве…