Шефот на судиите во Италија, Џанлука Роки, се извини на Јувентус поради дискутабилниот втор жолт картон со кој беше исклучен дефанзивецот на тимот, Пјер Калулу, при поразот со 2:3 во дербито против Интер. Тој, исто така, дел од вината за одлуката на главниот судија Федерико Ла Пена ја префрли на дефанзивецот Алесандро Бастони, обвинувајќи го за симулација во конкретната ситуација. …