Здравствената состојба на славниот романски тренер Мирча Луческу е сè уште критична откако на почетокот на месецот доживеа срцев удар. Новите прегледи покажаа многу знаци на исхемичен мозочен удар и белодробна тромбоемболија, соопшти Универзитетската ургентна болница во Букурешт. „Пациентот ќе остане под строг надзор на мултидисциплинарен тим”, стои во изјавата на болницата. Лекарите разгледуваат можноста за вградување на ЕЦМО системот, …