Македонскиот фудбалски интернационалец Доријан Бабунски имаше добар старт во новиот клуб – унгарскиот Ниреѓихаза. Само еден ден по официјалното потпишување на договорот, тој денеска дебитираше со погодок во контролниот натпревар против хрватската Локомотива Загреб, кој заврши со нерешени 1-1 на подготовките во Словенија. Бабунски беше прецизен во 65. минута, израмнувајќи го резултатот откако Локомотива претходно стекна предност преку Силвио Горичан. …