Настапот на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен е неизвесен и е главна тема во спортските медиуми во моментов. Светскиот рекет број еден и бранител на титулата досега не го обелоденил својот вакцинален статус, додека организаторите на турнирот му порачаа дека ќе мора да биде вакциниран ако сака да игра. Поранешниот српски селектор, Радмило Арменулиќ смета дека неговиот сонародник сигурно е вакциниран …