Како што сега стојат работите Новак Ѓоковиќ по се изгледа нема да настапи на Австралија Опен затоа што на овој тунрир ќе се бара задолжителна вакцинација.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобриот тенисер во светот засега не открива дали е вакциниран. На турнирот во Мелбурн нема да биде дозволено учество на невакцинирани. Единствената опција која се најавува е да помине карантин од две недели, но тоа не е потврдено.




Лоши вести за Ѓоковиќ најави новинарот на „Форбс“, Адам Загорија. Според неговите информации организаторите на Вимблдон и Ролан Гарос размислуваат за воведување задолжителна вакцинација за учество.
„Не е исклучена можноста, се размислува Ролан Гарос и Вимблдон да го следат примерот на Австралија Опен и да настапат само вакцинирани тенисери“, истакна новинарот.