Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јунајтед, а Португалецот е свесен дека го чека тешка задача на „Олд Трафорд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аморим пристигна на местото на Ерик Тен Хаг кој имаше очајни резултати од почетокот на сезоната.
„Фрустрирачки е за навивавачите, но ние правиме промени во овој период, се обидуваме да победуваме, но потребно е време. Траба да го сфатиме тие, веројатно не чека уште многу страдење“, изјави Аморим.
Ќе потсетиме, Аморим на клупата на јунајтед седна по фантастичниот период во португалски Спортинг.