Дома Останати „Ѓоковиќ е вакциниран и ќе игра на Австралија Опен“

„Ѓоковиќ е вакциниран и ќе игра на Австралија Опен“

Настапот на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен е неизвесен и е главна тема во спортските медиуми во моментов.

Светскиот рекет број еден и бранител на титулата досега не го обелоденил својот вакцинален статус, додека организаторите на турнирот му порачаа дека ќе мора да биде вакциниран ако сака да игра.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Поранешниот српски селектор, Радмило Арменулиќ смета дека неговиот сонародник сигурно е вакциниран и дека треба да и го каже тоа на јавноста.

„Новак не треба да прави драма околу сето ова, туку треба отворено да каже дали е вакциниран или не. Вака може само да си наштети себе си. Работата е едноставно, ако не се имунизира тогаш нема да игра и тоа не само во Мелбурн. Мислам дека Ѓоковиќ сигурно е вакциниран и дека ќе игра на Австралија Опен. Мојот извор е фактот што му е дозволено да влезе во Австрија. Таму во моментов е локдаун и сигурно не би го пуштиле на граница ако не приложи сертификат“, изјави Арменулиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…