Француски Монако брзо пронајде замена за хрватскиот стратег Нико Ковач. Имено, од Монако потврдија дека нов тренер на првиот тим е Белгиецот, Филип Клемент. Клемент претходно од клупата ги предводеше Гент и Клуб Бриж, а сега го чека нов предизвик. Во првенството на Белгија три пати беше шампион на оваа земја. Со Монако Клемент потпиша договор на три години. 🇲🇨 …