Тиверија Брера потврди дека се засилува со 25-годишната Американка Кешлин Копли. Копли во Тиверија пристигна од САД каде што го носеше дресот на Иглс. Станува збор за тим кој се натпреварува во УСЛ лигата за дами која е полу-професионална. Во тимот Копли беше капитен, а тимот на Тиверија за неа ќе биде прв професионален предизвик.