Македонскиот олимпиец Ставре Јада го освои 86. место од вкупно 88 натпреварувачи во нордиско скијање во дисциплината спринт на 1.5 километар на зимските олимписки игри. Квалификациите Јада ги заврши со време од 1:34.8 и тоа беше доволно да биде побрз само од двајца натпреварувачи и тоа Либанецот Ели Тавк и Колумбиецот Андрес Кинтана. Победници во оваа дисциплина беа Французинот Шанава …