Ужасни вести доаѓаат за поранешниот фудбалер Фреди Ринкон, кој вчера имаше тешка сообраќајна несреќа и се наоѓа во критична состојба. Ринкон доживеа несреќа кога неговиот автомобил налетал на автобус со голема брзина. Двете возила се уништени, а Колумбиецот морал да биде опериран. Докторите опишаа дека неговата состојба е сериозна, додека поранешниот фудбалер и пријател на Ринкон, Хамилтон Рикард вели дека …