Левиот бек Ренан Лоди и официјално е нов член на Ал-Хилал од Саудиска Арабија. Бразилецот кој има 25 години го напушти Олимпик Марсеј и Лига 1 за богатата понуда која ја доби од арапската земја. Марсеј како оштета за услугите на Лоди ќе добие сума од 20 милиони евра, а договорот кој го потпишаа двете страни е на 3.5 години. …