Дома Трансфер зона Новиот премиерлигаш го претстави 18. засилување ова лето – Лоди од Атлетико Мадрид!

Новиот премиерлигаш го претстави 18. засилување ова лето – Лоди од Атлетико Мадрид!

Тимот на Нотингем Форест изминатата вечер претстави ново засилување кое за нив е 18-то во овој преоден рок.

Нов играч на премиерлигашот стана левиот бек Ренан Лоди. Бразилскиот фудбалер ќе игра на позајмица во овој клуб до крајот на сезоната. Нотингем за позајмицата ќе плати пет милиони евра, а доколку сакаат целосен откуп следното лето ќе треба да платат 30 милиони фунти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изминатите три сезони Лоди ги помина во Атлетико Мадрид за кој забележа вкупно 118 настапи, постигна шест гола и подели 10 асистенции.

Според најавите во англиските медиуми до крајот на летниот преоден рок Нотингем би можел да доведе уште некој играч со што би ја надминале и границата од 20 нови засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…