Барселона започнала преговори со дефанзивецот на Борусија Мехенгладбах, Матијас Гинтер, пренесуваат каталонските медиуми. 28-годишниот германски репрезентативец има договор со Мехенгладбах до крајот на сезоната и веќе му соопштил на клубот дека нема намера да ја продолжува соработката. Гинтер сигуно на лето заминува како слободен агент, а Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе започнал преговори со неговиот агент. …