Дома Трансфер зона Барселона преговара со германски дефанзивец

Барселона преговара со германски дефанзивец

Барселона започнала преговори со дефанзивецот на Борусија Мехенгладбах, Матијас Гинтер, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот германски репрезентативец има договор со Мехенгладбах до крајот на сезоната и веќе му соопштил на клубот дека нема намера да ја продолжува соработката.

Гинтер сигуно на лето заминува како слободен агент, а Барселона сака да ја искористи таквата ситуација и веќе започнал преговори со неговиот агент.

Чави бара засилувања во одбраната, а Гинтер е одлична можност за клубот да се засили без пари, со оглед на лошата финансиска ситуација.

Прв избор на Каталонците е Андреас Кристенсен од Челзи, но конкуренцијата за неговиот потпис е голема, па ќе се насочат кон Матијас Гинтер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…