Интер започнал преговори со дефанзивецот на Борусија Мехенгладбах, Матијас Гинтер, пренесуваат италијанските медиуми.
28-годишниот германски репрезентативец има договор со Мехенгладбах до крајот на сезоната и веќе му соопштил на клубот дека нема намера да ја продолжува соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гинтер сигуно на лето заминува како слободен агент, а Интер сака да ја искористи таквата ситуација и веќе започнал преговори со неговиот агент.
Германецот може да игра на сите позиции во одбраната, па поради тоа Инзаги го посакува во своите редови.
Сепак, Интер ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Германецот интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата.