Ливерпул и Тотенхем на 1-ви јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе го играат финалето во Лигата на шампионите. Ќе биде ова втора година во низа тимот од „Енфилд“ да игра финале во ова натпреварување, а стоперот на Ливерпул Вирџил Ван Дијк смета дека болното искуство од минатата година после поразот од Реал Мадрид може да им послужи во овогодинешното финале. …