Дома Фудбал Англија Oптимистични очекувања на Клоп: Сака од „вишокот“ да заработи 100 милиони евра

Oптимистични очекувања на Клоп: Сака од „вишокот“ да заработи 100 милиони евра

liverpool

Четири или пет играчи би можеле да ја наполнат касата на Ливерпул во летниот преоден рок.

Ливерпул има намера да продаде неколку играчи ова лето, а во клубот оптимистично се надеваат дека од нивните заминувања ќе добијат 100 милиони фунти.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Таа сума би овозможила екипата да се засили на потребните позиции.

„Сега сакаме да ги задржиме најдобрите играчи, нема да ги повториме грешките од претходно и да започнуваме од почеток. Ќе има нови лица, но основата на тимот ќе остане непроменета“, изјави Клоп.

Како и минатото лето и ова лето Салах се поврзува со Реал Мадрид, но во овој момент не изгледа реално Египќанецот да го напушти Ливерпул.

Кој ќе замине?

Херта би можела да го откупи Грујиќ за 25 милиони евра, Хари Вилсон во случај Дерби да влезе во Премиер лигата ќе вреди исто толку, додека „црвените“ се надеваат дека Бурнемоут ќе плату 18 милиони за Клајн, нешто помалку би чинел голманот Мињоле, а се чека и понуда за Стариџ.

Што Клоп сака да купи?

Резервен голман, а за таа цел води преговори со Угурчан Чакир од Трабзонспор. Го сака и талентираниот Бергвајн од ПСВ, како и неговиот соиграч, левиот бек Анџелино. Овој играч Сити го испраќаше на позајмици во МЛС, Жирона, Мајорка, Бреда, а откако му истече договорт минатата сезона се пресели во ПСВ. Треба да се спомене и дека дебитираше репрезентацијата на Шпанија, во Ливерпул тој би бил алтернатива за Робертсон.

Од другите мети, актуелен е Фекир кој минатото лето беше многу блиску до Ливерпул. Желба на Клоп беше и Вернер од Лајпциг, но тој многу веројатно ќе го избере Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…