Стоперот на Барселона Жерар Пике за „Ел Паис“ зборуваше за менталната блокада која се случи на неговиот тим на „Енфилд“ кога Барселона беше елиминирана од Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите.
На Барселона втора година во низа и се случи да испадне во нокаут фазата откако имаше голема предност. Каталонците на тој начин минатата година ги исфрли Рома, а оваа година иако имаа предност од 3:0 од првиот натпревар, Ливерпул успеа да ги елиминира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога првиот гол падна така рано, несвесно можеше да се предвиди дека ќе се случи истото што и против Рома. Тогаш двата гола дојдоа така брзо и изгледаше премногу слично како и една година претходно. Имавме ментална блокада, не игравме фудбал. Ни недостасуваше се, а Ливерпул играше висок пресинг, исто така и „Енфилд“ одигра своја улога. Бевме неспособни. Тоа се случува понекогаш. Тежок ден. Тешко беше да се вратиме после тоа, како и да е мораме да продолжиме понатаму“, изјави Пике пред финалето во купот против Валенсија.
Потоа зборуваше за доминацијата на Барселона над Реал Мадрид.
„Кога Барса или Реал не играат на највисоко ниво тоа на вториот тим му дава повеќе опции. Мораме да бидеме констатни и да имаме добри резултати. Заминувањето на Роналдо веројатно имаше влијание. На еден тим потребни му се играчи кои ќе даваат голови цела година, а тука Реал беше слаб“, смета стоперот на Барселона.