НБА ѕвездата Клеј Томпсон во наредната сезона ќе го носи дресот на Далас Маверикс. Томпсон си замина од редовите на Голден Стејт и сега ќе биде соиграч со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг со кои ќе се обиде да дојде до шампионскиот прстен. Во Далас Томпсон ќе заработи 50 милиони долари, а последната година од договорот е опција за играчот. …