Челзи е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а нова мета на „сините“ е Деклан Рајс од Вест Хем. Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е спремен да ги понуди Рос Баркли и Мичу Батчуаи за потписот на Деклан Рајс. Рајс е „дете“ на Челзи, каде порасна заедно со Мејсон Маунт, а подоцна пријателството продолжи и во репрезентацијата на Англија. …