Италијанскиот шампион Јувентус денес се пофали со веста дека легендарниот Давид Трезеге се враќа и ќе работи за клубот. Легендарниот напаѓач на „бјанконерите“ потпиша 3-годишен договор со „старата дама“ и ќе ја има улогата на амбасадор. Трезеге цели 11 сезони го носеше „црно-белиот“ дрес и влезе во историјата на Јувентус како странец со најмногу постигнати голови за клубот од Торино. …