Дома Фудбал Италија Официјално: Трезеге се врати во Јувентус!

Официјално: Трезеге се врати во Јувентус!

Италијанскиот шампион Јувентус денес се пофали со веста дека легендарниот Давид Трезеге се враќа и ќе работи за клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот напаѓач на „бјанконерите“ потпиша 3-годишен договор со „старата дама“ и ќе ја има улогата на амбасадор.

Трезеге цели 11 сезони го носеше „црно-белиот“ дрес и влезе во историјата на Јувентус како странец со најмногу постигнати голови за клубот од Торино.

„Давид Трезеде е вистински симбол на Јувентус. Сега продолжува една историја која до сега ни донесе многу радосни мигови. Во следните три години Давид ќе го претставува клубот и ќе придонесе за развивањето на Јувентус во глобалниот пазар“, изјави претседателот Ањели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мaреска за 100 милиони евра го доведува “чудото од дете”!

Манчестер Сити е блиску до реализација на голем трансфер и доведување на еден од најталент…